Колку добро гледате?
Дали сакате да гледате подобро?
Совршен Вид
Dijagrami za o~i
Ако сакате да го подобрите вашиот вид со природни усовршувачки техники за видот, како што е Основниот Метод , ви е потребен соодветен дијаграм за очи. Со овој дијаграм вие ќе можете да извршите секакви вежби за очите и секако овие дијаграми ќе ви дадат еден објективен начин за вас со цел да го видите вашиот напредок во подобрувањето на визуелната способност. При експериментирањето со разни техники за подобрување на видот, дијаграмите ќе ви помогнат да одлучите кои вежби делуваат и кои не делуваат според вас.
Подолу ја пронајдете секцијата за симнување на дијаграмите кои можете да ги испечатите (или да ги користите на екранот) и да ги употребите за одмерување и тренирање на различните аспекти на видот.
Употреба на Snellen дијаграмот
Овој дијаграм обично се чита додека стоите на растојание од околу 6 метри (20 стапки). Изостреноста е прикажана како дропка, од растојанието на кое стоите (броител) и растојанието на нормалната максимална читливост (именител).
Значи ако на 6 метри може да ги прочитате буквите од редот означен со 40, тоа значи дека имате визуелна изостреност од 20/40 или подобро кажано 1/2 од нормалата. Ако од 3 метри (10 стапки) може да ги прочитате малите букви од редот "40" со тоа вие имате изостреност на видот од 10/40: 1/4 од нормалата.
Ако сте кратковидни вашиот вид ќе биде појасен колку поблиску стоите до дијаграмот.
Бесплатни дијаграми за симнување
- Класичен дијаграм за очите - тристран Snellen очен дијаграм на Joel Schneider + карта за тестирање на блискиот вид (кратковидност)
* PDF
* Post Script изворен код
- Модерени стандартни дијаграми- ETDRS дијаграми базирани на стандартите на Националниот Институт за очни дијаграми.
* Дијаграм R
* Дијаграм 1
*Дијаграм 2
- Интерактивен очен дијаграм- Ultimate Random Snellen Chart generator, верзија 3.1 (ажуриран на 12 Јануари 2006)
* Прочитајте ги инструкциите
* Направете случаен Snellen дијаграм ( Random Snellen Chart ) на веб.
* Симнете го генераторот како ZIP архива за офлајн употреба
- Дијаграми за вежбање на видот од Ray Gottlieb, O.D., Ph.D. со инструкции
* Презбиопија дијаграм за редуцирање (PDF) - ви помага да ги прочитате буквите со тренинг конвергирање. Дел од Методот на читање без очила, поддржан од Кембриџ Институтот за подобар вид.
* Низа од бисери (PDF) за подобрување на 3D перцепцијата
- Snellen дијаграм од 1 страна на Alex Eulenberg (20/20)
* Во GIF формат (видливо на прелистувачот и исто така може да се печати со 72 dpi)
* Во Макинтош PICT формат (hi- резолузија достапна за симнување и печатење)
* Во Encapsulated PostScript (.eps) формат (кампатибилен на пример со Adobe Photoshop од Windows платформата)
* Во PDF формат
- Писмото на Vic Cinc составено од редови и координантна мрежа за очна гимнастика
* Во PDF формат
* Во PostScript формат
- Vic Cinc астигматично огледало
- Дијаграми за подобрување на видот на Egidio Rizzi - 10 дијаграми за увежбување на фузијата, конвергенцијата, дивергенцијата, со белешки за секоја применливост од вежбата било тоа да е за кратковидност, делекувидност или астигматизам.
Направете свој очен дијаграм
За оние иницијативни души кои сакаат сами да нацртаат и испечатат сопствен дијаграм за очите, или ако сакате да потврдите дали вашиот испечатен текст е со правилните пропорции еве ги димензиите:
Растојание (feet) 70 60 50 40 30 20 15 10 7 4
Букви (mm) 31 27 22 18 13 9 7 4 3 2
Букви (pt) 88 76 63 50 38 25 19 13 9 5
Фонт (pt) 152 130 108 87 65 43 33 21 15 9
Со интерактивниот визуелен дијаграм за изостреност на универзитетот во Buffalo вие ќе може да ги прикажете буквите и симболите за назначениот Snellen ред на вашиот монитор со апсолутно правилна големина (белешка: вие мора да ги следите инструкциите за калибрација)
Интерпретација на табелата
“Растојанието” во табелата погоре се однесува на најоддалеченото растојание од дијаграмот кое нормалното е око има способност да го види. На Snellen дијаграмот буквите од редот на дадената големина имаат соодветен број на растојание веднаш до нив. Така редот со букви од 18 мм е обележан со “40”
Фонтот за пишување море да биде Courier (или Courier Bold) под услов големината на фонтот да е коресподентна со означената виснина на буквите. Courier Bold е ПостСкрипт фонт кој е приближно точен до официјалните Snellen букви.
Copyright © Совршен Вид 2009
Сите права се задржани